
февруари 18, 2026
Одржани три ЦКА-ПХВ работилници на албански наставен јазик
Во рамките на програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности), на 14.02, 16.02 и 17.02.2026 година успешно беа реализирани работилници за млади од 13 до 17 години на албански наставен јазик, под водство на ПХВ дисеминаторот Ардита Саити Сејдиу.
Учесниците работеа на развивање идеи за мали проекти, тимска соработка и промоција на хуманост, толеранција и почитување на различностите. Во следниот период тие ќе ги спроведуваат своите активности и ќе придонесат за позитивни промени во заедницата.











































