февруари 7, 2024

Одржани првите ПХВ работилници 

Во рамките на новиот циклус ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности) на ден 07.02.2024 во просториите на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Куманово се одржаа првите две работилници за ученици од 13-17 годишна возраст на македонски и албански наставен јазик од страна на овогодинешните ПХВ дисеминатори Никол Ѓорѓевска и Ајлинд Џемаили. 
На работилниците вкупно присуствуваа 65 ученици, потенцијални нови волонтери од основните и средните училишта од градот и истите имаа можност да се запознаат со историјата и активностите на Црвениот крст, принципите и амблемите, како и за работата на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Куманово.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад