март 6, 2026

Одржана третата работилница од ЦКА-ПХВ програмата

⛑️ Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово успешно ја реализираше третата работилница од овогодишниот ЦКА-ПХВ циклус.

📍 Работилницата се одвиваше во позитивна и мотивирачка атмосфера, при што младите активно учествуваа и ги зајакнаа своите вештини за тимска работа и организација на активности во заедницата.

👥 Токму со оваа работилница започнува акцијата – стартот на овогодишниот ПХВ циклус. Формирани се групи од обучени и подготвени млади кои од сега започнуваат со работа на терен, спроведувајќи ги своите идеи и иницијативи за помош и поддршка на локалната заедница.

🤝 Мотивирани и посветени, тие се подготвени да придонесат кон позитивни промени и да бидат вистински млади херои во својата средина. ✨

< врати се назад