февруари 13, 2025

Одржана трета ЦКА-ПХВ работилница на македонски наставен јазик

Во рамките на циклусот ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности) на ден 13.02.2025 година (четврток) во просториите на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Куманово се одржа и третата финална работилница за ученици од 13-17 годишна возраст на македонски наставен јазик од страна на овогодинешниот ПХВ дисеминатор Ален Милковски. На оваа работилница младите научија повеќе за документирање на малите проекти. Во текот на наредните два месеци младите ќе изработуваат проекти за добробит на заедницата, ќе промовираат хумани вредности, различности, мир, толеранција и соживот. Тие ќе ја променат својата дневна рутина, ќе поминуваат време во истражувања, активности, промоции, разговори со целните групи, но и ќе имаат можност за тимска работа со цел изработка на малите проекти.

#цкмлади#phv2025

< врати се назад