
Одржанa прва ЦКА-ПХВ работилница на македонски наставен јазик
На 18.02.2026 година (четврток), просториите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Куманово беа исполнети со позитивни и мотивирани млади подготвени да создаваат и да придонесат за своети население.
Се реализираше првата обука – дисеминација во рамките на програмата ЦКА/ПХВ, на која учествуваа ученици од две средни и четири основни училишта, заедно со посветени мини-ментори, под водство на овогодинешната дисеминаторка Габриела Бошковска.
Преку интерактивни активности младите се запознаа со хуманите вредности, тимската работа, волонтерството и можностите за креирање мали проекти со кои ќе направат вистинска промена во локалната заедница.
Оваа работилница го означи почетокот на новиот ЦКА/ПХВ циклус, во кој младите ќе работат на идеи, истражувања и активности насочени кон помош, солидарност, толеранција и соживот.











































