
Одржана прва и втора ПХВ работилница на македонски јазик
Во рамките на новиот циклус ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности) на ден 05.02.2025 и 07.02.2025 во просториите на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Куманово се одржаа две работилници за ученици од 13-17 годишна возраст на македонски наставен јазик од страна на овогодинешниот ПХВ дисеминатор Ален Милковски.
На работилниците вкупно присуствуваа 32 ученика, потенцијални нови волонтери од основните и средните училишта од градот и истите имаа можност да се запознаат со историјата и активностите на Црвениот крст, принципите и амблемите, како и за работата на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Куманово, но воедно научија повеќе и за тимската работа и како се изработуваат малите проекти, како да лоцираат проблеми во заедницата и како да дејствуваат на истите.
#цкмладикуманово#цкмлади#цкапхв2025




