
октомври 10, 2023
Одбележување на Светскиот ден на менталното здравје
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово на 10.10.2023 година го одбележа Светскиот ден на менталното здравје. По тој повод во ОСТУ ,,Наце Буѓони‘‘ од страна на нашиот истакнат психолог Дивна Јанкова се оддржа трибина на тема „Важноста на менталното здравје во заедницата‘‘. 







