Одбележување на Неделатa на борба против шеќерна болест
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово традиционално ја одбележува Неделата на борба против шеќерна болест (дијабетес) од 10-16 октомври 2022 под мотото “Здрави животни навики во превенција на дијабетес”.
Со таа цел на ден 17.10.2022 година во просториите на Здружението на пензионери Куманово се одржа едукативно предавање за шеќерна болест (Diabetes mellitus). Предавањето го спроведе д-р Марија Бајдевска Спирковска и на истото присуствуваа 40 лица. Присутните имаа можност да се запознаат што значи шеќерна болест, типови на дијабет, симптоми и знаци, и како со здрави навики (правилна исхрана и физичка активност) може да се придонесе во превенција или нормализирање на шеќерот во крвта. По предавањето, во соработка со Здружението на дијабетичари и со нивна поддршка на присутните им беше измерен шеќерот во крвта, како и им се укажа на тоа што треба да преземат за да го нормализираат истиот.