декември 25, 2023

Одбележување на Недела на забоздравствена заштита

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, и оваа година традиционално во периодот од 15-21 декември ја одбележа Неделата на забоздравствена заштита под мотото “Здрави животни навики за здрави насмевки”. 
За таа цел, на ден 22.12.2023 година по повод неделата, волонтерите од ООЦК Куманово ги посетија дечињата во детската градинка „Ангел Шајче“ објект – Кокиче и на присутните дечиња им беа поделени четки за заби, а воедно и заедно зборуваа за важноста од одржување на забоздравствена заштита, како и редовно посетување на заболекар и чистење на забите. 
Исто така, учениците од училишниот клуб на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ изработија новогодишни честитки и истите заедно со бонбончиња им ги поделија на дечињата.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад