март 28, 2023

Одбележување на 24-ти Март Светскиот ден за борба против Туберкулоза (ТБ)

Согласно насоките на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово се приклучи кон одбележување на 24-ти Март, Светскиот ден за борба против Туберкулоза (ТБ). На ден 27.03.2023 од страна на обучен врснички едукатор се одржа едукативно предавање за Превенција од Туберкулоза, под мотото “Да! Можеме да ставиме крај на ТБ”. На истото присуствуваа 20 членови на Клубот на млади. Целта на оваа едукација беше да се едуцираат младите за тоа што претставува болеста туберкулоза, кои се симптоми на болеста, како да се превенира и како да се лекува. Преку ова предавање успеавме да ја подигнеме јавната свест за катастрофалните здравствени, економски и социјални последици од ТБ и се интензивираат напорите за ставање крај на глобалната епидемија од ТБ, и воедно со објави на социјалните медиуми се стави до знаење за важноста од навремена превенција и рана дијагностика на туберкулозата.

< врати се назад