март 17, 2023
Одбележување на 17 Март- Ден на основањето на Црвениот крст на Република Северна Македонија и Ден на крводарителството во Р. С. Македонија
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово на ден 16.03.2023 година, по повод Денот на основањето на Црвен крст на РСМ организираше свечена манифестација за доделување јубилејни награди и признанија на најдобрите крводарители во 2022 година.
Манифестацијата се одржа во Занаетчиски дом во Куманово. На настанот свое обраќање имаше Секретарот на ЦКРСМ – Општинска организација Куманово, по што следуваше доделување на благодарници и награди на повеќекратните крводарители за јубилејни крводарувања од 5, 10, 25, 50 и 100 пати.
Во знак на благодарност за унапредување и поддршка на крводарителството Благодарница им се додели на Општина Куманово, Општина Липково , СВР Куманово, ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина на РСМ – Куманово, Армија на Република Северна Македонија – Команда за операции и на повеќе средни општински училишта. Исто така посебна благодарност им беше искажана на крводарителите од Клубот 100+, дарители кои имаат дарувано крв над 100 пати, со скромен подарок. По завршување на манифестацијата за сите присутните имаше организирано и пригоден коктел.