септември 23, 2025

Одбележување на ЦКА-ПХВ недела 21-27 септември

На ден 23.09.2025 година (вторник), во просториите на Гимназија ,,Гоце Делчев’, Општинската организација на Црвен крст Куманово организираше завршен ЦКА–ПХВ настан. Пред присутните беа промовирани видеата кои ги изработија младинците во текот на циклусот, преку кои на креативен и инспиративен начин беа претставени нивните иницијативи, активизам и посветеност кон заедницата.

Во знак на благодарност и признание за вложената енергија и ангажман, беа доделени благодарници на учесниците, мини менторите и поддржувачите на програмата. Со ова, се оддаде почит на нивниот труд и мотивација, кои претставуваат пример за младинска солидарност и хуманост.

Настанот помина во пријатна атмосфера, исполнета со гордост кон младите кои ја пренесуваат хуманата мисија и вредностите на Црвениот крст, оставајќи силна порака дека преку заедништво и упорност може да се постигнат големи промени во заедницата.

< врати се назад