
Одбележување на Светскиот ден на бегалците – 20 јуни
По повод Светскиот ден на бегалците, на 20.06.2025 година (петок), во просториите на Црвен крст Куманово беше организирана едукативна сесија со цел подигнување на свеста за прашањата поврзани со бегалците и мигрантите. Едукацијата беше водена од врсничкиот едукатор Тамара Бошковска, при што присутните волонтери имаа можност да се запознаат со значењето на терминот „бегалец“, поимот „миграција“, причините за миграцијата, како и улогата и Црвениот крст во одговор на мигрантски и хуманитарни кризи. Во рамките на едукацијата беше одржана и дисеминациска сесија, насочена кон запознавање на новите, но и потсетување на постоечките волонтери со основните принципи, историја и активности на движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Двете сесии беа проследени со активно учество на 19 волонтери, кои преку дискусија, прашања и интерактивен пристап го проширија своето знаење.




