
март 28, 2025
Одбележување на Светски ден на борба против туберкулоза – 24 март
На ден 24.03.2025 година (понеделник) под мотото ,,Да! Можеме да ставиме крај на ТБ’’ се одбележа Светскиот ден на борба против туберкулоза – 24 март. Во склоп на светскиот ден во просториите на Црвен крст Куманово беше одржано едукативно предавање на кое присутни беа 30 учесници. Воедно на работилница беа изработени постери од волонтерите при Клубот на млади за одбележување на Светскиот ден на ТБ.
#ДаMожемеДаСтавимеКрајНаTБ#ПосветеностИнвестирањеИспорака#СветскиДенНаТБ2025#КрајНаТБ




