
Одбележување на Светски ден на борба против трговија со луѓе – 18 октомври
Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на борба против трговијата со луѓе – 18 октомври, на ден 20.10.2025 година во просториите на ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово, се одржа едукативно предавање на тема „Трговија со луѓе“, реализирано од страна на нашиот обучен врснички едукатор Никол Ѓорѓевска.
На предавањето присуствуваа 50 ученици, кои имаа можност да се запознаат со суштината и сериозноста на проблемот со трговијата со луѓе, како и со начините на кои оваа појава ги нарушува основните човекови права. Преку интерактивен пристап се зборуваше зошто и како настанува трговијата со луѓе, кои се ризичните ситуации и на што треба да се внимава за да се избегнат потенцијални опасности. Особен акцент беше ставен на мерките за самозаштита и препознавање на можни обиди за злоупотреба, со цел младите да стекнат практични знаења за сопствена и колективна безбедност.
 Во завршниот дел од предавањето, учениците учествуваа во краток квиз со точни и неточни искази , базиран на содржината од презентацијата. 
 Тие со големо внимание го следеа предавањето, активно се вклучуваа во дискусијата и поставуваа прашања, покажувајќи интерес и свесност за значењето на темата.
Со оваа активност се придонесе кон подигнување на свеста кај младите за сериозноста на трговијата со луѓе, како и кон унапредување на нивното знаење за превенција и заштита од оваа појава.











































