
Одбележување на Неделата на борба против срцевосадови заболувања
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово ја одбележа Неделата на борба против срцево-садови заболувања (21–28 февруари 2026) под мотото „Здрав живот, здраво срце“.![]()
Во рамки на неделата беа одржани две едукативни предавања за лица на возраст од 35 до 55 години, при што беше извршено и мерење на крвен притисок за вкупно 50 учесници.
Волонтерите од Клубот на млади реализираа теренска едукативна активност со посета на вработените во Општина Куманово, Основниот суд во Куманово и случајни минувачи, при што беа поделени флаери со совети за превенција и здрави животни навики.
На градскиот плоштад беше поставен штанд каде граѓаните бесплатно го мереа крвниот притисок и добиваа совети за зачувување на здравјето.
Активностите имаа за цел подигнување на свеста за кардиоваскуларните заболувања и промоција на здрави животни навики како основа за нивна превенција.![]()



< врати се назад











































