октомври 5, 2024

Централен настан по повод Меѓународната Недела на млади

Кога општеството би било машинерија, младите би биле двигателниот погон. Успешноста на младите е единица мерка за мерење на успешноста на една заедница!

На 05 Октомври се одржа главниот настан кој беше само дел од повеќето активности спроведени по повод Меѓународната недела на млади.

На настанот, талентите блескаа во полн сјај, и ставени на пиедестал ѝ овозможуваа на публиката чувство на префинето уживање. Самите присутни беа покриени со кадифе од ноти и стихови и напоени со капки душа која учесниците ја оставија на сцената.

Самиот настан имаше пренос во живо до националното друштво, а нашата волонтерка Ива Додевска имаше и свое онлајн обраќање на централниот настан одржан во Скопје.

Гостите со восхит ги воспримија точките кои ги имавме изготвено за нив, а кога тие ги разменуваа импресиите, се зборуваше исклучиво во суперлатив!

< врати се назад