април 11, 2025

Одбележување на Недела на хигиенизација – 08-15 април

Согласно календарот на традиционални активности, Општинска организација на Црвен крст Куманово во периодот од 08 до 15 април 2025 година ja одбележува Неделата на хигиенизација под мотото

“Хигиената – лична обврска за колективно здравје”. На ден 10.04.2025 година во подрачното основно училиште ,,Кочо Рацин” с.Доброшане се одржа едукативно предавања на тема „Промоција на хигиена“. Со предавањето беа опфатени 20 ученици. Во убава и позитивна атмосфера учениците имаа можност да се запознаат со тоа што претставува хигиена , преку кратка демонстрација со помош на бои како правилно се мијат раце и зошто миењето на раце е важно, а воедно и како правилната хигиена на рацете има клучна улога и суштинско значење во контрола и превенција на болести поврзани со лошите хигиенски практики.

< врати се назад