
Одбележување на „Недела на борба против гладта“
Во рамките на одбележувањето на Неделата на борба против гладта, во период од 16-22 октомври Општинската организација на Црвен крст Куманово спроведе собирни акции на прехранбени производи во неколку основни и средни училишта на територијата на Општина Куманово.
Акциите се реализираа во ООУ„Кочо Рацин“, ОСТУ „Наце Буѓони“, ООУ „Христијан Карпош“ и ООУ „Бајрам Шабани“, каде учениците активно се вклучија со донирање на различни прехранбени производи. Голема радост и гордост претставува фактот што ученици од различни возрасни групи ја покажаа својата хуманост, солидарност и емпатија , а во спроведувањето на активностите значаен придонес дадоа и професорите и учителите од овие училишта. Собраните производи ќе бидат сортирани и спакувани во хуманитарни пакети, кои во наредниот период ќе бидат дистрибуирани до социјално загрозени семејства на територијата на Куманово и околината.
Со оваа активност уште еднаш се потврди дека хуманоста не познава години и дека преку заедничка акција можеме да направиме значајна промена во заедницата.
Изразуваме огромна благодарност до училиштата кои се вклучија во оваа хумана акција и до сите оние кои дадоа придонес.











































