октомври 6, 2025

Одбележување на Денот на просветните работници

По повод Денот на просветните работници – 5 октомври, волонтерите од училишниот клуб на Црвен крст при СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово организираа симболична, но многу значајна активност посветена на своите професори.

Со желба да им изразат почит, благодарност и признание за нивниот труд, посветеност и поддршка, младите волонтери изработија честитки кои ги подарија на своите наставници во чест на празникот.

Акцијата беше реализирана во позитивна и емотивна атмосфера, а професорите беа искрено изненадени и трогнати од вниманието кое им го посветија учениците. Со оваа активност, волонтерите од училишниот клуб уште еднаш покажаа дека мали гестови на внимание можат да остават големо влијание, потсетувајќи дека професорите се столбот на образованието и инспирација за секој млад човек.

Црвениот крст преку вакви активности продолжува да го поттикнува почитувањето, хуманоста и благодарноста како основни вредности меѓу младите.

< врати се назад