
април 2, 2025
Одбележување на 2 април – Светски ден за подигање на свеста за аутизам
На ден 02.04.2025 година (среда) по повод 2 април – Светски ден за подигање на свеста за аутизам, волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово на градскиот плоштад поделија информативни картички и им врзуваа плави панделки на случајните минувачи во чест на овој ден. Воедно волонтерите го посетија и Центарот за лица со интелектуална попреченост “Порака Наша’’ и заеднички со нив се дружеа, цртаа и сложуваа сложувалка по повод Светскиот ден на аутизмот.




