Одбележување на 18 Октомври- ,,Европски ден на борба против трговија со луѓе‘‘
Црвен крст на Република Северна Македонија– Oпштинска организација Куманово и оваа година се вклучи во одбележувањето на 18 Октомври- ,,Европски ден на борба против трговија со луѓе‘‘ со организирање на едукативна работилница за превенција од трговија со луѓе.
На ден 18.10.2024 година во соработка со СВР-Куманово, во кружна сала во Комитет се одржа работилница на тема „Трговија со луѓе“. Истата беше спроведена од страна на психолог-предавач Мимоза Манасиевска, како и претставник од СВР Куманово, а присуствуваа вкупно 58 учесници.
На настанот од страна на волонтерите на Црвен крст Куманово беа поделени флаери со информативна содржина со цел да се испрати порака, како да се подигне свеста за овој глобален проблем и негово спречување и заштита на жртвите.