![](https://crvenkrst-kumanovo.org.mk/wp-content/uploads/2025/01/474029614_1027060199454514_4639579891573524357_n-1000x560.jpg)
Одбележување на 15 јануари – Светскиот ден на безбедност на планина, во соработка со Планинарски спортски клуб “Поларис”
На ден 15.01.2025 година (среда) во просториите на Комитет Куманово се одржа обука за безбедност на планина и обука по прва помош на членови од Планинарски спортски клуб “Поларис’’, волонтери на Црвен крст и претставници од Извиднички одред “Скаут”. Во рамките на 15 јануари – Светскиот ден на безбедност на планина” на учесниците им беше одржано кратка демонстрација и едукација за како безбедно да се движат во планина, каква опрема е потребна за планинарење, како правилно да се употребуваат потребните реквизити како чекани,стапови за планинарење, потоа им се објаснуваше на учесниците како опремата може да се искористи за импровизација доколку се најдеме во некоја опасна ситуација или доколку не зафатат лоши временски услови и што е потребно дополнително да се носи во ранецот кога се оди на планинарење. Претставниците од Извидничкиот одред “Скаут” учесниците ги запознаа со историјата и работата на нивниот одред и какви активности спроведуваат тие, а воедно им демонстрираа како правилно се врзуваат јазли. Додека обучените волонтерите по прва помош на Црвен крст Куманово им демонстираа повреди како отворени и затворени скршеници, удар во предел на глава, скочен зглоб и хипотермија односно повреди кои најчесто можат да се случат при планинарење на долги и кратки рути. На обуката присутните имаа можност да го освежат своето знаење по прва помош, но и да се стекнат со нови практики и знаења по првата помош, како безбедно да се движат по планини, каква опрема да носат и како да врзуваат јазли доколку им е потребно