септември 15, 2025

Одбележување на 13 септември – Светски ден на прва помош – ,,Прва помош и климатски промени”

На ден 13.09.2025 година, волонтерите од Црвен крст Куманово го одбележаа Светскиот ден на првата помош на градскиот плоштад во Куманово, под мотото „Прва помош и климатски промени“.

Во рамки на одбележувањето беше организирана показна вежба за пружање прва помош, при што волонтерите на случајните минувачи им демонстрираа постапки за укажување на прва помош, а случајни минувачи имаа можност со помош на волонтерите да демонстираат и да ги освежат нивните знаења за укажување на прва помош.

Покрај тоа, беше одржан и квиз за климатски итни состојби, каде граѓаните имаа можност да ги поврзат подготвените слики со соодветните одговори, со цел подигање на свеста за справување со последиците од климатските промени.

Со оваа активност, Црвен крст Куманово ја истакна важноста на првата помош како клучна алатка за спасување животи и зајакнување на отпорноста на заедницата во услови на климатски промени.

< врати се назад