октомври 10, 2025

Одбележување на 10 октомври – Светски ден на ментално здравје

По повод одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје – 10 октомври, Црвен крст Куманово организираше трибина на тема „Менталното здравје е заедничка одговорност“, со цел подигнување на свеста кај младите за значењето на грижата за сопственото психолошко благосостојба. 🤍 Трибината се одржа во пријатна и отворена атмосфера, а стручните лица Емилија Стојковски и Сања Јовановска одржаа излагања во кои ги опфатија најбитните елементи за зачувување и унапредување на менталното здравје, важноста на саморазбирањето, поддршката од семејството и пријателите, управувањето со стресот, како и значењето на здравите животни навики и емоционалната писменост. Во рамки на трибината беше промовирано и кратко едукативно видео на тема ментално здравје во кое учество земаа младите волонтери на Црвен крст Куманово со волонтерите од училишниот клуб на СОУ Гимназија ,,Гоце Делчев”. На настанот присуствуваа и активно учествуваа ученици од основни и средни училишта од Куманово, заедно со нивните професори, како и граѓани на Општина Куманово кои имаат интерес кон сознавање повеќе информации за оваа тема. Настанот помина успешно, со голем интерес и позитивни реакции од сите присутни, а Црвен крст Куманово ја потврди својата посветеност кон поддршка на младите и промовирање на менталното здравје како основа за среќен и балансиран живот.

Воедно, во просториите на Црвен крст Куманово дополнително се одржа работилница за ментално здравје од страна на психологот Емилија Стојковски. Оваа работилница беше намента кон даватели на услуги од областа на ,,Помош и нега во домот’’ и ,,Лична асистенција’’.

< врати се назад