
ноември 13, 2023
Oдбележана неделата на борба против гладта
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово по повод Недела на борба против гладта која траеше од 16-22 октомври 2023 година, под мотото ,,ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС,, спроведe кампања за помош на најранливите категории на граѓани. 


Од собраната храна како и од собраните парични средства беа направени 60 прехранбени пакети за најзагрозените семејства од Куманово, Липково и Старо Нагоричане кои во текот на неделата беа дистрибуирани до корисници.




