март 12, 2023

Обука за млади демонстратори за натпревари по прва помош

Изминатиот викенд на ден 11 и 12.03.2023 година, 10 волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово учествуваа на дводневна обука за млади демонстратори по прва помош која се одржа во ООЦК Кисела Вода- Скопје.
Обуката е во склоп на подготовките за општинските натпревари по прва помош, каде младите се запознаа со техниките и начинот како нивното знаење во областа на првата помош да го пренесат на учениците кои ќе учествуваат на општинските натпревари.
< врати се назад