мај 15, 2023

Обука по прва помош

На ден 15.05.2023 со почеток во 13 часот, Црвен крст на Република Северна Македонија– Општинска организација Куманово согласно долгогодишната соработка со НУЦК „Трајко Прокопиев“, спроведе обука по прва помош на нивните вработени.
На оваа обука вработените имаа можност да се запознаат и стекнат со основни знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликации од настанатите повреди.
< врати се назад