
април 15, 2025
Обука по прва помош во ООУ “Христијан Карпош”- с.Драгоманц
На ден 15.04.2025 година (вторник) во ООУ “Христијан Карпош”- с.Драгоманце се одржа обука по прва помош на 25 ученици. Обуката беше предводена од Теодора Николовска – обучен волонтер по прва помош, а опфатените повреди беа: крварење од нос, повреда на скочен зглоб и скршеници.
Учениците изразија голема заинтересираност за првата помош и самите помеѓу себе со помош на нашиот волонтер демонстрираа преврски на скршеници и останати повреди.




