
Обука по прва помош
На ден 15.11.2025 година, Црвен крст Куманово реализираше обука по прва помош на учениците од проектот „ЕУреКА“, организирана од Исламскиот младински форум – Куманово на тема „Одговор во итни случаи“. Демонстратор од Црвен крст Куманово, Љумтурије Абази реализирааше демонстрација на основни постапки од прва помош пред учениците од деветто одделение. Преку практични примери беше прикажано како се врши проценка на состојбата на повреденото лице, правилно повикување на итна медицинска помош и начини за давање почетна поддршка до пристигнување на итна медицинска помош.
Учениците внимателно ги следеа демонстрациите, поставуваа прашања и активно се вклучија во практичните делови.
Со оваа активност се унапреди свеста кај младите за значењето на одговорното делување во итни ситуации и улогата што секој граѓанин може да ја има во пружање на помош.











































