
февруари 20, 2025
Обука по прва помош
На ден 19.02.2025 година (среда) на покана од невладината организација Youth association Kreator на нивната работилница, нашите волонтери Ива Додевска и Теа Јанковска кои се дел од екипата по прва помош на Клуб на млади им одржаа обука по прва помош на учесниците присутни на работилницата. По кратката демонстрација од нашите волонтерки, учесниците од обуката имаа можност на работилницата преку различни сценарија да ги истакнат научените вештини за како да укажат прва помош.



