јули 9, 2019
Обезбедување прва помош на државно првенство во друмски велосипедизам
На ден 30.06.2019 година во Куманово се одржа државно првенство во друмски велосипедизам во организација на Велосипедскиот клуб „Вело-М“ и Општинскиот сојуз на спортови на Куманово, а истата носи бодови и за Светската велосипедска ранг листа. Трката се одвиваше на релација Куманово – Кратово-Куманово, а истата со возило на Црвен крст Куманово ја обезбедуваа 3 волонтери обучени за укажување на прва помош на повредени лица од Црвен крст на Република Македонија- општинска организација Куманово.