април 13, 2025

Обезбедување прва помош на велосипедски настани

На ден 12.04.2025 година (сабота) на покана од велосипедскиот клуб ,,Инвиктус”, Црвен крст Куманово со тројца обучени волонтери по прва помош присуствуваше како поддршка на настанот. Истиот траеше два часа.

Воедно на ден 13.04.2025 година (недела) на покана од велосипедскиот клуб ,,CrossCycling” Куманово, екипа од четири обучени волонтери по прва помош беше присутна на настанот кој траеше два часа. Двата настани беа одржани на локалитетот ,,Студена Вода” во с.Доброшане и поминаа без повреди.

< врати се назад