
Обезбедување прва помош на „Стопанска Триоги Триатлон Куманово 2026“
На ден 27.09.2026 година (недела), Општинската организација на Црвен крст Куманово активно се вклучи во поддршката на „Стопанска Триоги Триатлон Куманово 2026“, кој се одржа во Куманово, со техничка поддршка на Триатлон федерацијата на Северна Македонија.
На спортскиот настан учествуваа триатлонци кои се натпреваруваа во дисциплините пливање, велосипедизам и трчање, со старт и цел на Градскиот базен во Куманово.
Во рамки на активноста, тимот на Црвен крст Куманово беше ангажиран за обезбедување прва помош за учесниците за време на одржувањето на триатлонот, со цел навремена реакција и поддршка при евентуални повреди или потреба од помош.
Горди сме што и овојпат бевме дел од значаен спортски настан во нашиот град и што со нашето знаење, подготвеност и ангажман придонесовме кон поголема безбедност на учесниците.















































