ноември 19, 2025

Недела на стари лица

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација, во рамки на Неделата на грижа за старите лица, денеска заедно со волонтерите на Црвениот крст Куманово организираше дружење со корисниците од Домот за стари лица.

Корисниците беа однесени во слаткарницата „Реклама“ со цел да се овозможи пријатна социјализација, да се подигне јавната свест за правата на старите лица, како и за потребата од нивна грижа и поддршка.

За време на дружењето поминавме убаво и исполнето време заедно со корисниците, во топла и пријатна атмосфера. Тие изразија голема благодарност и задоволство од вниманието, разговорот и можноста да излезат од секојдневието, што дополнително го збогати целото дружење.

< врати се назад