октомври 7, 2025

Недела на млади

Во рамки на одбележувањето на Неделата на млади 2025, Општинската организација на Црвен крст Куманово под мотото ,,Биди промената што сакаш да ја видиш” успешно реализираше повеќе активности насочени кон промоција на волонтерството и младинскиот активизам. Во текот на неделата беа организирани отворени денови и презентации на активности во ООУ „Христијан Карпош“ и СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, каде младите имаа можност да се запознаат со работата на Црвениот крст, програмите за млади и начините на вклучување во волонтерски активности. Учениците покажаа голем интерес, поставуваа прашања и активно учествуваа во дискусиите, а како резултат на тоа се приклучија и нови волонтери кои станаа дел од младинската структура на организацијата.

Како една од поистакнатите активности беше забавната вечер организирана во просториите на Црвен крст Куманово, посветена на младите волонтери. Настанот беше исполнет со позитивна енергија, дружење и смеа. Волонтерите уживаа во друштвени игри, проекција на филм и вкусни вафли, при што се создаде топла и пријателска атмосфера.

Особено радува фактот што на оваа вечер присуствуваа и новите волонтери кои се приклучија токму преку отворените денови во училиштата, што претставува потврда за успешноста на активностите и за привлечноста на волонтерството како можност за личен раст, развој и хуманост.

< врати се назад