
ноември 28, 2025
Недела на грижа за стари лица
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во рамки на „Неделата на грижа на старите лица“, денеска реализираше и посета во Здружението на пензионери Куманово. За време на посетата, негователите од услугата помош и нега во домот, заедно со претставници од стручната служба, извршија мерење на шеќер во крвта и крвниот притисок кај вкупно 50 лица.
Воедно, во просториите на Здружението беше одржана и информативна работилница со која присутните беа запознаени со своите права од областа на социјалната и здравствената заштита, со цел подобрување на квалитетот на живеење и поттикнување на здраво стареење.











































