ноември 16, 2020

Недела на грижа на старите лица 16-22 ноември 2020

Црвен крст на Република Македонија -Општинска организација Куманово своите традиционални активности ги поврзува со актуелната состојба и организира хуманитарни акции со цел да се даде придонес во одговор на предизвиците на КОВИД 19. Согласно Календарот на традиционални акции и активности на Црвениот крст од 16 до 22 ноември се одбележува Неделата на
грижа на старите лица, под мотото „Сите сме нивни деца“.
 
Во рамки на Неделата општинска организација на Црвен крст Куманово ќе организира активности за
бесплатна услуга за набавка и достава на храна, хигиена, лекови и др. намирници за стари и осамени лица на телефонска линија број 077/597-149 на која постарите граѓани ќе имаат можност да ја најават својата потреба за поддршка од страна на мобилниот тим на Црвен крст Куманово од 16 до 20 ноември 2020 година (понеделник – петок) од 09 до 15 часот.
< врати се назад