септември 23, 2025

Недела на борба против туберкулоза

Црвен крст на Република Северна Македонија општинска организација Куманово во рамките на традиционалните активности ја одбележа неделата на борба против туберкулоза под мотото:

„Да! Можеме да ставиме крај на ТБ“

Во текот на неделата беа одржани 4 едукативни работилници со:

лични асистенти на лица со попреченост

негователи на стари лица

волонтери од клубот на млади

Вкупно 90 учесници беа едуцирани за:

што е туберкулоза

кои се симптомите

како да се превенира

како да се лекува

Со овие активности ја подигаме јавната свест за значењето на здравјето, како и за социјалното и економско влијание на туберкулозата.

Заедно придонесуваме во напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ.

< врати се назад