
Недела на борба против Трговија со луѓе
Во рамки на Неделата на борба против теговија до луѓе, беа спроведени 4 едукации на тема „Трговија со луѓе“ со ученици од средни и основни училишта на територија на Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане. Едукациите беа предводени од врснички едукатор Никол Ѓорѓевска. Целта на едукацијата беше подигнување на свеста кај младите за појавата на трговија со луѓе, нејзините форми, ризици и начини на превенција, со посебен акцент на заштита на младите како една од најранливите категории. За време на едукацијата, учениците беа запознаени со поимот трговија со луѓе, најчестите форми на експлоатација, факторите на ризик, како и со начини на препознавање на потенцијални опасни ситуации. Беше истакната важноста од информираност, внимателност при користење социјални мрежи и интернет, како и значењето на навременото пријавување и барање помош. Едукацијата се реализираше преку интерактивен пристап, со вклучување на учениците во дискусија, споделување примери и поставување прашања. Учениците покажаа интерес за темата и активно учествуваа во дискусијата, при што се отворија значајни прашања поврзани со безбедноста на младите.
Со реализираната активност се придонесе кон зголемување на знаењата и свеста кај учениците за сериозноста на проблемот трговија со луѓе и важноста од превентивно дејствување.











































