октомври 16, 2024

Недела на борба против шеќерна болест

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово традиционално ја одбележува Неделата на борба против шеќерна болест од 10-16 октомври 2024 година под мотото “Здрави животни навики во превенција на дијабетес”.

На 14.10 и 16.10.2024 година во просториите на Црвен крст Куманово се одржаа едукативни предавања за шеќерна болест (Diabetes mellitus).

Предавањата ги спроведе д-р Елена Николиќ и на истото присуствуваа 49 лица на возраст од 35-55 години. Присутните имаа можност да се запознаат што значи шеќерна болест, типови на дијабет, симптоми и знаци, и како со здрави навики (правилна исхрана и физичка активност) може да се придонесе во превенција или нормализирање на шеќерот во крвта. По предавањето, на присутните им беше измерен шеќерот во крвта, како и им се укажа на тоа што треба да преземат за да го нормализираат истиот. Исто така на Градскиот плоштад во Куманово, од страна на волонтерите на 60 граѓани им беше измерен крвен притисок и шеќер во крвта.

< врати се назад