октомври 6, 2025

Мотивациска работилница за крводарители во ОСТУ ,,Наце Буѓони” – Куманово

На ден 06.10.2025 година во ОСТУ ,,Наце Буѓони” – Куманово се организираше мотивациска работилница за крводарители. Учениците од 4-та година имаа можност да научат повеќе за процесот на дарување крв, критериумите за тоа кој може да биде крводарител, личните бенефиции и значењето на дарувањето. Работилницата беше одржана од страна на Тамара Бошковска- обучен мотиватор за крводарителство.

Се надеваме на успешна крводарителска акција и изразуваме голема благодарност до ОСТУ ,,Наце Буѓони” – Куманово за отворената соработка, а воедно ги охрабруваме и повикуваме учениците да даруваат крв и да спасат нечиј живот.

< врати се назад