
февруари 14, 2025
Меѓугенерациско дружење по повод денот на љубовтa и виното
На ден 14.02.2025 година (петок) младите волонтери при Клуб на млади Куманово и училишен клуб на Гимназија “Гоце Делчев’’ во соработка со Здружение на пензионери-Куманово го одбележаа празникот Св.Трифун и Св.Валентајн. Оваа меѓугенерациска дружба се одржува веќе 10 години по ред и тоа секогаш на 14 февруари во знак на празникот.Домаќини оваа година беа членовите од Здружението на пензионери. На настанот имаше 18 рецитаторски и актерски точки однапред подготвени од волонтерите и членовите на здружението, а поголемиот дел беше проследен со музика, пеење и забава.




