август 16, 2024

Летен младински камп на тема – ,,Прва помош“

Во период од 09.08 до 13.08.2024 година се одржа младински летен камп во с.Лесново, Пробиштип организиран од партнер Клубови на млади при ООЦК – Куманово и ООЦК – Пробиштип. Според концептот кампот беше неколкудневна обука по „прва помош“ каде беше прикажана санација на разни повреди, а следствено волонтерите можеа и практично да ги вежбаат новостекнатите знаења, применувајќи ги во полигони и практични вежби.

Сесиите по прва помош беа проткаени со мразокршачи, игри, водени лудории во кои забавата никогаш не изостануваше. Овие активности придонесоа кон подобра тимска комуникација, усогласеност и тимско надополнување меѓу волонтерите кои ќе биде од огромна полза во предстојните активности во Клубот на млади и ќе придонесе до поголема партнерска кохезија меѓу двата клуба.

< врати се назад