август 26, 2022

Летен младински камп

 

Од 19-22 август во с. Пелинце – Општина Старо Нагоричане се одржа младински летен едукативен камп на кој присуствуваа 50 волонтери. Кампот беше на тема “Менаџмент со волонтери и обука за формирање на ТОК (Тим за одговор при катастрофи)” и истиот имаше за цел надоградба на волонтерски капацитети преку едукативни работилници, предавања и показни вежби. Една од целите на кампот беше и размена на искуства помеѓу општинските организации и продлабочување на соработката. На кампот присуствуваа волонтери од 6 општински организаци и тоа; Битола, Кочани, Велес, Струмица, Крива Паланка и Радовиш како и волонтери од клубот на млади од Општинската организација на Црвен крст Куманово. Воедно волонтерите ги споделија искуствата од спроведените активности и преку научени лекции од проследените обуки во иднина ќе знаат правовремено и поефикасно да дејствуваат во исти или слични ситуации. Младите се здобија со нови знаења и вештини во областа на правилно менаџирање со волонтери како и справување во време на природни катастрофи. Младинскиот камп беше одржан во постојана комуникација и мониторинг од централна канцеларија и оперативен центар, каде што беше изготвена агенда како да се одржи обуката за ТОК и исто така беше дадена опрема за спроведување на обуката. Исто така сите учесници добија и благодарница од страна на нашата Општинска организација како знак за благодарност за учество на летниот младински камп.

Кампот беше поддржан од повеќе локални општествено одговорни претпријатија и граѓани и следниве спонзори: Општина Куманово, Општина Старо Нагоричане, подрачно училиште во с.Пелинце “ООУ Христијан Тодоровски Карпош”, Црква Св. Ѓорѓи во с.Пелинце, Палас Гарден, Уни-гипс, Мултимедиа, ЈП Водовод Куманово, МНМ, Авто центар Велиновски, Компанија Делукс дистрибуција, Млекара Коки, Млекара Бучен Козјак, БДА Кланица, Пекара 120-ка, Родар Куманово.

< врати се назад