ноември 14, 2025

Крводарителска акција во СВР Куманово

На ден 14.11.2025 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, организираше крводарителска акција во СВР Куманово.

Вработените уште еднаш ја покажаа својата хуманост и подготвеност да помогнат, при што беа остварени 20 крводарувања.

Голема благодарност до сите крводарители и до СВР Куманово за поддршката и успешната соработка.

< врати се назад