јули 8, 2024

Крводарителска акција во СВР – Куманово

На ден 08.07.2024 година (понеделник), Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во соработка со СВР – Куманово и Служба за Трансфузиона Медицина организираше крводарителска акција во просториите на СВР – Куманово во период од 09:00 -15:00 часот. Акцијата беше успешно реализирана и вкупно беа дарувани 21 крвна единица.

< врати се назад