ноември 18, 2025

Крводарителска акција во СОУ „Гоце Делчев“ Куманово

На ден 18.11.2025 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, организираше крводарителска акција во СОУ „Гоце Делчев“.

Својата хуманост ја покажаа 19 крводарители, меѓу ученици, наставен кадар и вработени во училиштето.

Изразуваме голема благодарност до сите учесници и до училиштето за поддршката и континуираната соработка.

< врати се назад