јуни 16, 2025

Крводарителска акција во организација на ВМРО – ДПМНЕ

На ден 16.06.2025 година (понеделник) Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина спроведе крводарителска акција, организирана од страна на Општинска организација на ВМРО – ДПМНЕ Куманово .

Акцијата се одржа во просториите на нивниот штаб и траеше од 10:00 до 15:00 часот.

Дел од оваа хуманитарна иницијатива беа 34 крводарители кои ја покажаа својата хуманост и солидарност.

< врати се назад