
јули 15, 2025
Крводарителска акција во организација на СВР Куманово
На ден 14.07.2025 година (понеделник) Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина спроведе крводарителска акција, организирана од страна на СВР Куманово. Акцијата се одржа во просториите на Црвен крст Куманово и траеше од 09 до 15 часот. Дел од оваа хуманитарна иницијатива беа 27 крводарители кои ја покажаа својата хуманост и солидарност.